Работа на ETWINNING проекти
Le journal de la mascotte -Дневникот на маскотата во рамките на etwinning проектот
Прозорци на светот.На следниот линк можете да погледнете како учениците од ООУ“Гоце Делчев“-Прилеп го претставуваат нивното училиште.
http://www.flipsnack.com/F9FBECF569B/ftn0r0ya

Etwinning репортажа за ООУ “Гоце Делчев“-Прилеп
Кои се придобивките од работата на etwinning проектите?
Со регистрирањето на etwinning порталот на Националната Агенцијата за европски образовни програми и мобилност наставниците од сите Европски земји добиваат можност за соработка на најразлични проекти ,размена на идеи и добри практики од работата со еден збор поврзување на нашиот образовен систем со образовниот систем од другите европските земји .
Придобивките од учество на Еtwinning проектите и Комениус програмата се огромни како за професионалниот развој и надградба на наставниците така и за унапредување на знаењето и комуникацијата на нашите учениците со нивните врсници во Европа.
Јас и моите ученици моментално учествуваме на 4 активни проекти :“Културно патување“,“Прозорци на светот“,“Замоци и палати во Европа“-митови и приказни, како и на последниот во низата “Да комуницираме преку вкусот на традиционалните јадења“.
Како работат нашите etwinnersi?
Во секој проект се предвидуваат месечни активности а почетокот на секоја учебна година почнува со допишување и запознавање на учениците од сите европски земји.
Покрај комуникацијата преку писма исто така направени се и видео презентации на тема: Мојот град,Тврдините во Р. Македонија,Природните богатства на Р.Македонија,електронска книга со рецепти од Македонаката кујна,видео записот :“Младите франкофони од ООУ Гоце Делчев“,во кој што неколку ученици ги претставуваат просториите и персоналот од училиштето на француски јазик.За секој etwinning проект имаме сертификат како и сертификат-Знак за квалитет за работа на проектот “Замоци и палати во Европа“-митови и приказни.
На овој начин учениците не само што го подобруваат своето познавање на францускиот јазик туку им се отвара можноста во иднина да аплицираат на најразлични проекти и да станат потенцијални корисници на грантови од страна на Националната Агенција.Затоа на сите наставници и ученици им препорачувам да станат дел од европското семејство на наставници и ученици.

Вториот сертификат-Знак за квалитет за проектот Прозорци на светот
Во рамките на одбележувањето на денот на Франкофонијата 20-март ,им беа доделени сертификати -Знак за квалитет на учениците кои учествуваа во etwinning проекти :“Палати и замоци во Европа“ и “Прозорци на светот“.
Европски сертификат-Знак за квалитет за работа на проектот “Прозорци на светот“ добиен на 31.10.2014
Проект“Да комуницираме преку вкусот на храната“,Интерактивен готвач-Македонска кујна http://www.quesito.altervista.org/e107_files/Macedonia/index.html